spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Доделени првите картички со субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024...

АФПЗРР: Доделени првите картички со субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски беа во посета на подрачната единица при МЗШВ во Валандово.

Целта на посетата беше одбележувањето на почетокот на доделувањето на платежните картички за субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година или попознати како картички за зелена нафта.

Помошта преку оваа мерка е во висина од 50% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација , но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство.

,, Денеска во подрачната единица за земјоделство во Валанодово се доставени платежни картички за над 1300 земјоделски стопанства. Вредноста на картичките е близу 7 милиони денари, што значи дека овие земјоделци добиваат поддршка преку програмата за земјоделство од над 110 илјади евра кои имаат една единствена цел, а тоа е да ги намалат влезните трошоци за производство – конкретно горивото за земјоделската механизација, а со тоа и директно да се придонесе кон поконкурентно земјоделско производство” – истакна директорот Бачовски

Мерката за зелена нафта се имплементира веќе 4 година по ред. Средствата за имплементација на мерката се обезбедени преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството и е во висина од 275 милиони денари. Со мерката се опфатени 48.909 земјоделци кои ќе добијат картички за точење на гориво. Користењето на картичките за зелена нафта е до 30.04.2023 година, а нивната распределба ќе се одвива преку подрачните единици при МЗШВ.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...