Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителитена домати и краставица дека е во тек поднесувањето на барањата за подмерка 1.4 Финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови од Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се производители на домати и краставици во контролирани услови и кои имаат поднесено барање по подмерка 1.6. „Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за производство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.
Висината на директните плаќања изнесува 35 денари по килограм за домат и 30 денари по килограм за краставица произведени и продадени во период од 5 април до 31 мај 2023 година.
Барањата се поднесуваат директно во Агенцијата на рачно пополнет образец кој е објавен на веб страната на Агенцијата.
Во прилог на барањето се доставуваат финансови документи за извршена продажба.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 15 септември 2023 година.
Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој