spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Реализирана е мерката за поддршка на производителите на зимска зелка

Валандово: Реализирана е мерката за поддршка на производителите на зимска зелка

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со Директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски и државниот советник во МЗШВ, Трајан Димковски остварија средба со земјоделците во Балинци и разговаравме за ефикасноста на земјоделските политики и важноста на креирањето Интервентен фонд за земјоделството.

Првата мерка од новиот фонд за поддршка на земјоделците, е комплетно реализирана и истата ги опфати земјоделците кои имаат произведено зимска зелка. Во општина Валандово преку оваа програма исплатени се 12.883.683 денари на 353 земјоделци.

Исто така, започна и доделувањето на картиците за зелена нафта, како исклучително важна мерка за конкурентноста на производителите, преку која во нашата општина ќе бидат исплатени 6.984.142 денари на 1310 земјоделци.

Поддршката на земјоделците, е влог во целокупниот развој. Продолжуваме да креираме солидарно општество и заедница на двостран дијалог меѓу граѓаните и институциите.


 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте