spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Го имаме идниот НАСА ученик

Карпош: Го имаме идниот НАСА ученик

Даниел Христовски е средношколец, кој е исклучително талентиран ученик и освојувач на први награди на училишни, општински и регионални натпревари. Тој, до изминатата учебна година, беше корисник на училишна стипендија од Општина Карпош. По започнувањето на новата етапа во неговиот живот, веќе во четврто одделение, се подготвува за натпревари, пред се во математика и литература.

Поддршка добива од неговите наставнички, и во шесто одделение се натпреварува на државно ниво и не се откажува се до завршувањето на основното образование, каде што на јуниорската математичка македонска олимпијада, освојува сребрен медал.

 

Оттука, карпошанецот, продолжува да чекори по патот кон уште покомплицираните  и потешки науки за совладување, но за Даниел ништо од тоа не беше тешко. Така, по математиката и литературата, каде што освојува неколку први места и две гран при награди, сепак се насочува кон физика, биологија и хемија, како едни од  најинтересните и примамливи предмети за него.

 

Последната година од основното образование, Даниел го посветил на учење и натпреварување, а истото се наградило со освојување на први места на “Школата за млади физичари,,  , натпревар по физика “Денови на електротехниката,, , Државен натпревар по физика . Целото ова знаење беше закитено со пласман на 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), на која имаше два државни селекциони натпревари и на кој учествуваа ученици од основните училиште, кои имале најдобри резултати на Државните натпреварувања по физика, биологија и хемија. По одличниот резултат, Даниел ќе ја претставува нашата држава, а пред се Општина Карпош на големото финале во  природни науки, во Тајланд оваа година од први до 10-ти декември.

Нашиот ученик, уште од второ одделение се стекнал со знаење и започнал да се интересира за информатиката и роботиката, посетувајќи ја СТЕМ Академијата. Часовите во оваа Академија, му овозможија да научи како да програмира роботи и програмирање со Python програма. И покрај оваа интересна насока кон образованието, тој и во средното образование се одлучува на натпревари по биологија и физика.  Можноста за изучување на научно-истражувачки дејности и натпреварувања во вселенски програми, ќе биде одлична можност Даниел да си ја оствари целта и да работи во НАСА. Ти посакуваме само успеси.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...