HomeОпштиниИлинден: Продолжуваме со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

Илинден: Продолжуваме со приклучување на домаќинствата кон канализацискиот систем

spot_img
spot_img

Општина Илинден продолжува со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем за фекална канализација кој е во должина од 500 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Марино на улица „409“ и „410“. Дополнително покрај овие две улици екипите на ЈКП „Водовод“ ќе продолжат со приклучување и на останатите домаќинства во тој дел на Марино.

На канализацискиот систем ќе бидат поврзани околу 30 домаќинства од овој дел на населеното место Марино, такашто ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите на Марино. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направи увид на терен каде се работи на приклување на домаќинствата и истакна дека се работи интензивно на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината. Тој додаде дека во наредниот период ќе се продолжи со поврзување на домаќинствата кон канализацискиот систем и во останатите населени места.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија