HomeОпштиниКарпош: Драган Мијалковски - Ѕвезда на отворањето на Карпошово културно лето- 2023

Карпош: Драган Мијалковски – Ѕвезда на отворањето на Карпошово културно лето- 2023

spot_img
spot_img

Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови, ги отвори вратите на овогодинешното Карпошово културно лето- 2023. Стотици грла се сплотија пеејќи ги најголемите хитови евергрини “Кажи нешто драга,, , “Кажи зошто ме остави,, ,  “Скопје радост моја,, и многу други, вчеравечер на платото Млечен, кој беше претесен за љубителите на големата музичка ѕвезда Драган Мијалковски.

Имено, кралот на македонските шлагери по пет годишна пауза повторно се враќа на сцената, со што ќе ја одбележи својата богата 60 годишна кариера, како едно од најголемите музички имиња во нашата земја но и на поранешните ЈУ – простори.

Пред многубројната публика се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски:

-Граѓаните на Општина Карпош, овие последни летни денови, ќе имаат можност да ги уживаат во музичките вечери, кои оваа година ви ги нуди вашата Општина. Вечерва и те како ќе се навратиме на некогашните најдобри забави со хитовите на Драган Мијалковски, кој е одлична најава за почеток на Културно лето Карпош -2023 – задоволно истакна првиот човек на локалната самоуправа.

Карпошовото културно лето годинава ќе се одржува на две локации, на платото пред Млечен и плоштадот Делфина во населбата Влае. И оваа година, програмата е прилагодена за сите генерации која ќе биде исполнета со перформанси за децата, младите и повозрасните.

 

 

Извор: Општина Карпош 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија