HomeОпштиниКисела Вода: Нов фудбалски терен и детско игралиште со модерна урбана опрема...

Кисела Вода: Нов фудбалски терен и детско игралиште со модерна урбана опрема добива ООУ ,,Круме Кепески”

spot_img
spot_img

Кисела Вода се менува секој ден кон подобро, наскоро нов фудбалски терен и детско игралиште со модерна урбана опрема добива ООУ ,,Круме Кепески”.

На површина од околу 500м2, градиме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева во училиштето ,,Круме Кепески” во Кисела Вода.

Паралелно, во дворот на училиштето се изведуваат и градежни активности за изградба на детско игралиште со модерна урбана опрема и реквизити кое ќе обезбеди современи услови за одмор и рекреација на дечињата од овој дел на општината.

 

Инвестициите во спортската инфраструктура се инвестиции во градење активни и здрави генерации кои ќе бидат темелот на нашата иднина, затоа со несмалено темпо продолжуваме и во иднина. И овој проект, како и претходните е од исклучителна важност бидејќи се фокусира на физичкото и психичкото здравје на најмладите жители.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија