spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Спасовски и Бала од Тирана - Наши заеднички цели се безбедноста...

МВР: Спасовски и Бала од Тирана – Наши заеднички цели се безбедноста на граѓаните и европски институции

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на работниот престој во Тирана, Република Албанија по повод учеството на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес, оствари работна средба со албанскиот колега, министерот за внатрешни работи Таулант Бала.

На средбата двајцата соговорници изразија задоволство од реализирањето на оваа нивна прва средба, при што министерот Спасовски му честиташе на колегата Бала за назначувањето на функцијата министер за внатрешни работи на Република Албанија, со желби за успех, на личен и професионален план.


Истакнувајќи дека токму Министерската Конференција во рамки на Берлински процес во Тирана е добар старт за продлабочување на веќе успешната соработката помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Република Албанија, министерот Спасовски рече:

„Преку заложбите за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка, особено на полето на прекуграничната соработка, како и успешното спроведување на имплементациските Протоколи на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ, како и заедничкото учество во Регионалните иницијативи, можам да кажам дека соработката помеѓу граничните полиции на двете држави е континуирана. Пред се’ преку редовно одржување состаноци, размена на искуства и добри пракси и корисни информации за подобрување на ефикасноста на граничното управување, спречување на илегални миграции и сите форми на прекуграничен криминал, како и вклучување на други релевантни служби со цел соодветен пристап и постапување. А, како резултат на добрата соработка на надлежните служби на двете земји, се помогна во истрага на потешки кривични дела, од типот на убиства, разбојништва и тешки кражби ”, истакна министерот Спасовски.

Во оваа прилика беше изнајден одговор на   потребите на македонската заедница во Голобрдо којашто лани во ноември изрази интерес за изнаоѓање начин за  продолжување на работното време на Граничниот премин Џепиште – Требиште, кој е од локален карактер и не работи постојано. Така, во голема мерка би се подобриле условите за живот на локалното  население, како што беше решен проблемот со електрична енергија на истиот граничен премин.

Имено, на денешната средба двајцата министри се договорија да започнат подготовките од двете страни кои ќе значат позитивен одговор на барањата на македонската заедница во Албанија. Воедно, двајцата министри се согласија дека е постигнат значаен напредок, а потврдија дека и во иднина ќе се интензивираат сите активности коишто веќе се отпочнати, со несмален интензитет ќе започнуваат и нови, кои ги отвораат европските перспективи на граѓаните и на регионот.

Министрите Спасовски и Бала потенцираа дека заеднички цели им се безбедноста и сигурноста на граѓаните, владеењето на правото и европски институции.
Во таа насока, и министерот Спасовски посака успешна реализација и плодна дебата на Конференцијата на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Министерот Таравари во посета на хируршките клиники – До петок...

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари денеска по извршеното примопредавање на функцијата веднаш излезе на терен и ги посети хируршките клиники во клиничкиот комплекс,...