spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со поддршка за замјоделците, промовирани новите мерки на ИПАРД Програмата

Илинден: Со поддршка за замјоделците, промовирани новите мерки на ИПАРД Програмата

Општина Илинден е секогаш со поддршка на земјоделците, за таа цел во просториите на Дом на култура „Илинден“ се одржа презентација за запознавање и доближување на можностите за користење на средствата од ИПАРД програмата до потенцијалните корисници.

Од страна на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, беа презентирани неколку атрактивни мерки  наменети за физички и правни лица.

Присутните имаа можност да се запознаат за користење на средствата за инвестиции преку европскиот ИПАРД фонд за Мерката 1, односно за инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства, Нерка 3 односно за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи, како и за Мерка 7, која се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини.

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...