spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отпочна реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром

Илинден: Отпочна реконструкција на локалниот пат Илинден – Хиподром

Во рамки на проектот за Реконструкција на локалните патишта и улици, Општина Илинден отпочна со реконструкција на коловозот на најоштетениот дел од локалниот пат Илинден-Хиподром.

Увид на градежните работи на терен и динамиката на активностите денес изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Тој се запозна со активностите за реконструкцијата на патот кој ќе биде реконструиран во должина од 700 метри и широчина од 6 метри.

Овој проект се реализира во соработка со Центарот на Скопски плански регион и предвидено е да биде завршен во рок од 90 дена.

Локалниот пат Илинден – Хиподром е од големо значење за жителите, затоа што Општината ја поврзува со Градот Скопје, со локалната економска зона, и е  главна артерија за јавниот превоз во општината. Со реконструкцијата ќе се обезбеди поголема безбедност на возачите кои го користат овој пат, со што ќе се создаде безбедна патна инфраструктура и решавање на проблемите на граѓаните.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...