spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Започна со изградба на игралиште за баскет во Мралино

Илинден: Започна со изградба на игралиште за баскет во Мралино

Општина Илинден продолжува со засилено темпо во изградба на спортски терени во повеќе населени места. Денеска започна изградбата на игралиштето за баскет кое се наоѓа до подрачното училиште Ристо Крле во населеното место Мралино, во должина од 15 метри и ширина 15 метри.

Со изградбата на игралиштето ќе се збогати училишниот двор со уште еден уреден спортски терен кои ќе бидат од особено значење за спортскиот живот и подобрување на наставата по физичко и здраствено образование на учениците.

Играта на баскет односно уличната кошарка претставува еден вид традиција и урбана култура во општина Илинден, а со изградбата на спортските игралишта како што вели градоначалникот  Александар Георгиевски, Општина Илинден уште еднаш ја покажува поддршката во спортот, бидејќи само низ игра, рекреација и спорт, децата и младите го развиваат духот на пријателството.

Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места.

Прочитајте

Министерот Муртезани ја пречека Заменик-министерката во министерството за европски прашања, ...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска во својот кабинет ја пречека новоименуваната Заменик-министерка во министерството за европски прашања, Викторија Трајков. Тие разменија мислења...