spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКичево: Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер...

Кичево: Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер – клима уреди за 2023 година

ОПШТИНА КИЧЕВО

Врз основа на Програмата за унапредување на Животна средина за 2023год. со бр.08-3208/8 од 27.12.2022, точка 7 за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување, и Одлуката за објавување на јавен повик за набавка на високоефикасни инвертер клима уред и максималниот износ за субвенционирање на граѓаните за 2023, Општина Кичево објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за субвенционирање  на граѓаните на Општина Кичево за набавка на високоефикасни инвертер – клима уреди за 2023 година

Загадувањето на воздухот е најсериозен проблем со кој се соочува нашата цивилизација, а тоа најчесто е предизвикано од човечки активности.

Општина Кичево,  со цел да ги стимулира жителите (домаќинствата) за намалување на загадувањето од затоплувањето на домовите, со јаглен, нафта, дрва или  мазут, со цел да се намали нарушувањето на квалитетот на амбиентниот воздух во градот и да се зголеми бројот на граѓани што ќе се одлучат да инвестираат средства за нов начин на греење, односно поттикнување за употреба  на поквалитетни уреди за греење, на жителите што ќе купат или купиле инвертер-клима  од 01.01.2023 година ,заклучно до денот на траење на Јавниот повик, ќе ги субвенционира граѓаните за набавка на инвертер-клими, во висина не повеќе од 27.777,00 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, кој го пресметува и го исплаќа Општината.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавувањето до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Општина Кичево за 2023год за оваа намена заклучно со 30 –ти Декември 2023 година , во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв, и ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Корисници што ќе се опфатат со мерката надоместување на трошоците на граѓани за набавка на инвертер-клими:

Жители на Општина Кичево, физички лица носители на домаќинства, кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство (станбен објект) во периодот од 01.01.2023 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик и што ќе достават навремена и комплетна пријава на јавниот повик, освен вработени во локалната самоуправа на Општина Кичево и нивни блиски лица, односно лица кои се во брачна заедница со вработеното лице; роднини по крв  ( син и ќерка, внуци,татко и мајка, баба и дедо).

II  Предвидени средства:

Со субвенцијата/надоместокот на трошоците за набавка на инвертер-клими односно  максималниот износ кој се субвенционира е до 27.777,00 денари , во која сума не е вклучен  и персоналниот данок на доход, кој го пресметува и го  исплаќа Општина Кичево, а  ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во буџетот на Општината за 2023 година.

III Услови што треба да ги исполни барателот:

Барателите се должни да ги исполнат следниве услови:

  • да имаат живеалиште на подрачјето на Општина Кичево;
  • да немаат искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Општина Кичево и други државни институции;
  • до поднесување на барањата да се корисници на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут;
  • да ги предадат постојните печки на јаглен, дрва, нафта или мазут до овластен отпад  за  железо на рециклирање;
  • набавените уреди да бидат купени од 01.01.2023год., се до завршување  на Јавниот повик,  да бидат исплатени во целост и да бидат  инсталирани на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот;
  • набавените уреди задолжително да ги имаат најмалку следните карактеристики: да имаат најмалку COP 3.5, да греат на надворешна температура од -15°C и бидат најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
  • да ги има платено сите такси и даноци кон Општина Кичево заклучно со 2022 год.
  • Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија или Имотен лист како доказ дека се посебни, одвоени домаќинства.

IV Потребна документација која треба да се достави кон Барањето за на Јавниот повик – документација што треба да се достави како доказ за исполнување на горенаведените услови:

Барателот, во  прва фаза на аплицирање задолжително е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за надоместок (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Кичево или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Кичево: www.kicevo.gov.mk);
  • фотокопија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на Општина  Кичево;
  • фотографија од печката/те на дрва, јаглен, нафта или мазут кои ги користи;
  • имотен лист за објектот каде ќе се инсталира Инвертерот (треба да одговара со адресата на личната карта на барателот- само за физички лица и само за објекти за домување )
  • нотарски заверена изјава и дека нема искористено субвенции за затоплување (печки на пелети/инвертери) на своето домаќинство (станбен објект) од Општина Кичево или друга државна институција,дека до поднесување на барањето бил корисник на печка за јаглен ,дрва,нафта ,мазут,( или дека се работи за објект во  кој досега немало затоплување бидејќи е нововселен), дека доколку е добие субвенцијата нема да користи нееколошки енергенси за затоплување освен инвертер уредот во рок од три години по добивањето на субвенцијата, дека има обврска да ги врати доделените средства доколку не се придржува на условите за субвенционирање,дека објектот не е во фаза на градба и дека во неговото домаќинство нема друг член што поднел барање за субвенција  (пример на изјавата ќе биде објавен на интернет страницата на Општината: www.kicevo.gov.mk);
  • Напомена: Изјавата треба да биде заверена на нотар по објавување на јавниот Повик, за стари и изнемоштени лица изјавата може да ја даде и полнолетен член на сејмеството.
  • платени даноци и такси заклучно со 2022г. (проверува Комисијата формирана од страна на Градоначалникот на Општина Кичево преку Секторот за финансиски прашања, Одделение за даноци и такси)

Барателите кои ги исполнуват условите од прва фаза дополнително ќе треба да ги достават и следните документи:

  • оригинална потврда на која ќе стои името и презимето на Барателот , заверена со потпис и печат од продавачот, дека набавените инвертер клима уреди се високоефикасни т.е. ги исполнуваат следните минимални карактеристики: има најмалку COP 3.5, грее на надворешна температура од -15°C и е најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење (пример на потврдата ќе биде објавен на интернет страницата на Општината: www.kicevo.gov.mk)
  • доказ во оригинал дека е извршено купување од 01.01.2023 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата во целост,
  • фотокопија од трансакциска сметка,
  • оригинална потврда  заверена со потпис и печат од овластен отпад за железо  на која ќе стои името и презимето на Барателот  дека стариот уред за затоплување е предаден за рециклирање.
  • По исклучок од ставот 1 на овој член, барателите кои имаат новоизграден станбен објект или се вселуваат во друг објект , а немаат никакво греење не ја доставуваат документацијата од став 1 алинеи 3 и 4 на овој член. Оваа категорија на баратели ќе треба да достават  Потврда или друг документ со  кој  ќе се докаже  датум на промена на  живеалиште која промена не треба да биде постара од 01.01.2023 год.

Барањето за надоместување на трошоците направени при набавка на уредот, барателите го поднесуваат заедно со потребната документација, во затворен плик преку Архивата на Општина Кичево, или по пошта на адреса ул.Борис Кидрич бр.1, до Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2023 година секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот,  со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Начин на реализација на јавниот повик

По објавувањето на Јавниот повик за надоместување на трошоците за набавување инвертер-клими на веб страната на Општина Кичево  (www.kicevo.gov.mk), и на Огласната табла на Општина Кичево, во определениот рок граѓаните со пополнување образец (барање), вклучувајќи ја и целата потребна документација ја доставуваат во архивата на Општина Кичево.

По завршувањето на Јавниот повик Комисијата формирана од Градоначалникот на Oпштина Кичево со бр.09-2085/1 од 30.08.2023година,  за таа намена врши проверка на пристигнатите пријави како и контрола на терен за набавката и користењето на инвертер-клима.

Во првата фаза, откако Комисијата ќе ги разгледа Барањата со пропратната документација, поради утврдување на редоследот и исполнување на условите.

По завршување на првата фаза, Барателите се известуваат дека можат да продолжат со т.н.втора фаза одосно да го монтираат инвертер уредот.

При вршење на теренски увид, Барателите се должни да и овозможат услови за увид на Комисијата.

Комисијата го задржува правото изврши увид во домаќинството каде што е поставен инвертер клима уредот две години по завршување на јавниот повик.

Комисијата ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување Решенија за исплата на финансиските средства на барателите за кои е утврдено дека ги исполниле условите, според редот на пристигнатите барања по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на обезбедените средства со буџетот на Општина Кичево за 2023година за таа намена.

 

 

 

Извор: Општина Кичево 

Прочитајте