spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Со САД имаме заеднички образовни проекти, тие се ефективни...

МОН: Шаќири – Со САД имаме заеднички образовни проекти, тие се ефективни и ќе продолжат да се имплементираат

Проектот за медиумска писменост е еден од поважните во областа на образованието кај нас, затоа што во денешно време кога сите ние, а особено децата се опкружени со бројни извори на информации, многу е значајно да научат да ги препознаваат лажните вести и да ги селектираат и користат само вистинските.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата со повеќе  американски конгресмени што се одржа во американскиот Конгрес во Вашингтон, на која се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во областа на образованието.

„САД се наш стратешки партнер и досега имаат голем придонес во севкупните заложби за унапредување на квалитетот на образовниот систем во Северна Македонија. Дополнително обезбедуваат многу множности за нашите ученици, студент и професори да стекнуваат искуства во тамошните училишта и универзитети, а во овој контекст особено би ги издвоил Фулбрајт и YES програмата во чии рамки се зголемуваат бројот реализирани мобилности на млади кадри и стипендии за студии во Америка“, рече Шаќири.

Средбата со конгресмените е дел од агендата на министерот Шаќири кој на покана на повеќе американски политичари е во четиридневна посета на САД, која ќе ја заврши со предавање на реномиран универзитет во Тексас.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...