HomeUncategorizedМИОА: Министерот Алиу на средба со грчката амбасадорка Филипиду во Скопје -...

МИОА: Министерот Алиу на средба со грчката амбасадорка Филипиду во Скопје – Да ја продлабочиме соработката меѓу двете земји

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска на средба ја прими амбасадорката на Република Грција, Н.Е. Софија Филипиду.

Министерот ја информираше амбасадорката за проектите и приоритетите на МИОА, особено во однос на дигиталната трансформација со цел подобрување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните, како и за реформите во јавната администрација и поголема транспарентност на институциите.

 

На средбата се разговараше и за унапредување и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

 

,,Важно е да се продлабочи соработката во областа на иновациите и дигитализацијата, во проекти кои ја подобруваат технолошката и економската инфраструктура“, рече министерот.

 

Според министерот Алиу, Европската Унија има многу проекти за регионот на Западен Балкан и двете земји треба да користат прекугранична соработка за заеднички проекти.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...