HomeОпштиниБитола: Дел од надлежностите на средба за безбедноста на патниот правец...

Битола: Дел од надлежностите на средба за безбедноста на патниот правец кон Меџитлија

spot_img
spot_img

На иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски се одржа средба со релевантните институции вклучени во изведување на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-Грчка граница, на која присуствуваа претставници на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Надзорниот орган ГЕИНГ, СВР Битола, секретарот Борче Димитровски и општинската администрација.

Градоначалникот беше информиран дека за овој патен правец е изработен Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај, истиот е одобрен, но по иницијатива на надзорниот орган, изведувачот и инвеститорот, поради поголема безбедност во сообраќајот, побарано е во проектот да се извршат измени и дополнувања со потребни мерки за зголемување на безбедноста.

По одржаната работна средба, Општина Битола писмено ќе се обрати до инвеститорот, со цел да ги добие конкретните детали во делот на динамиката и заокружувањето на проектот за реконструкција на патниот правец Битола-грчка граница.

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте