spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Енергетските планови преставувани на енергетскиот форум во Скопје

Битола: Енергетските планови преставувани на енергетскиот форум во Скопје

Во Скопје се одржува Форумот на Праведна транзиција 2023 година, во организација на Енергетската заедница, која е дел од работните тела на Европската Унија. .

На Форумот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Тој ја потенцираше стратешката важност на општината во Процесот на праведна транзиција, како и моменталните активности на општината, кои што се преземаат во насока на подобрување на енергетската ефикасност и безбедност.

„Најновиот проект за кој општината неодамна потпиша договор со Делегацијата на Европската Унија и УНОПС, е во рамките на програмата „ЕУ за чист воздух“. Со овој проект во следните три години ќе се заменат старите системи на греење во две училишта во Битола и во една градинка, а ќе се засадат и голем број садници на одредени делници во градот, со што ќе се намали загадувањето на воздухот, како еколошки здравствен проблем број еден во ЕУ.

Во процес сме на поставување на фотоволтаици на подрачното основно училиште Даме Груев во селото Долно Оризари, бидејќи за нас е важно руралните средини да имаат исти услови за раст и развој на децата, со цел да се намали миграцијата град-село.

Со средства од Министерството за образование, ќе запонеме со процедурата за постатување на фотонапонски централи на три средни училишта во градот, а се подготвува проектна програма и за поставување на фотоволтаици на други три основни училишта.

Во фаза на формирање сме меѓуопштинско јавно претпријатие за превоз на општините Битола, Новаци и Могила, со што ќе се даде активен придонес кон намалувањето на загадувањето од моторните возила.

Енергетската транзиција е неминовен процес, за кој општината се подготвува и го прифаќа во рамките на сите свои можности. Оттука напоменувам дека на минатонеделните средби со претставниците на водечките светски банки во рамките на дискусиите за Нацрт програмата во заедничката мисија на Климатскиот инвестициски фонд за забрзана транзиција од јаглен, јасно ги истакнавме нашите приоритети и побаравме средствата кои што се однесуваат на општина Битола, да бидат земени во предвид за развој на Индустружиската зона Жабени која поддржува нискозагадувачка индустрија, за енергетска ефикасност на објектите во јавниот сектор и приватните колективни домувања, како  и поддршка за развојот на локалните компании и стартапи. Исто така, за нас е важно општината преку свои претставници, да биде вклучена во телата кои што ќе одлучуваат за распределба на средствата во насока на потребите на општината.

Од нас не зависи како и кога ќе се одвива фазата на напуштање на јагленот, но нашите приоритети како општина, е да се овозможат зелени вработувања и останувања на младите во својот град“, истакна градоначалникот Коњановски.

Во рамките на Форумот, свои обраќања имаа државните секретари на министерствата за економија и животна средина, министри и претставници од државите на Западен Балкан и заменикот директор во Секретаријатот на Енергетската заедница д-р Дирк Бушл.

 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...