spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ на кои моментално може да имаат...

Битола: Улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“ на кои моментално може да имаат велопатеки -„Довлеџик“ од 2020 не ги исполнува законски услови

Работните активности за изградба на новиот мост кај „Довлеџик“, кои се реализираат со средства од ТАВ програмата се во завршна фаза и најавено е дека ќе финишираат во текот на идниот месец.

Градоначалникот, Тони Коњановски, при увидот, информираше за активностите во делот на инфраструктурата кои ги реализираше општината во овој дел на градот, а потсети и дека при неговото доаѓање, затекна проект, кој беше невозможно да се реализира, на начинот како што беше изработен, поради што неопходни беа дополнителни измени и усогласувања:

„Општина Битола, минатата година ја заврши реконструкцијата на коловозот на улица „Довлеџик“, во должина од 470 метри, а за да нема застој во сообраќајот беше изграден времен премин во функција на изведба на мостот на реката Драгор. Проектната документација, изготвена за време на претходната локална самоуправа, не беше ревидирана согласно законските измени, така што, велосипедските патеки на улицата „Довлеџик“, предвидени во тој проект, остануваат само на хартија, затоа што согласно Правилникот за урбанистичко планирање и проектирање од септември 2020, улицата „Довлеџик“, како магистрална улица, не може да има велопатеки, бидејќи истите, не може да бидат на коловозот, туку во посебни одвоени патеки. Оваа измена, не била земена предвид од страна на претходното раководство, а во моментот проектот се реализира согласно важечките законски прописи, според кои општина Битола ја изготви и проектната документација за изградба на велосипедски патеки на улиците „Партизанска“ и „Васко Карангелевски“, појасни градоначалникот Тони Коњановски.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...