spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Известување за воведување на Зонско паркирање

Карпош: Известување за воведување на Зонско паркирање

Почитувани, ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува граѓаните дека претпријатието започна со постапка за воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош. Со воведувањето на организирано паркирање на територија на општината, претпријатието има цел да овозможи подобри услови за паркирање, полесен пристап до паркинг места, како и полесен проток на возила.

 

Прва локација со организирано паркирање, согласно „Решение за утврдување на режим на сообраќај“, е локалитетот МИДА, на ул. „Орце Николов“, зона Д42. Во зоната вклучени се адресите:
Ул. „Орце Николов“, бр. 182, влез 1, 2 и 3
Ул. „Орце Николов“, бр. 186 влез 1 и 2
Ул. „Орце Николов“, бр. 188 влез 1 и 2 и
Бул. „Илинден“ бр. 107, влез 1
Право на паркирање на зона Д42 имаат граѓаните кои гравитираат на една од наведените адреси, по цена од 0 ден. за две станарски возила.
Исто така, од Градски паркинг потенцираат дека претпријатието е во процедура за уредување на организирано паркирање т.е воведување зонско на цела територија на Карпош 1 и Карпош 2, на сите сообраќајници и локации кои се предвидени за регулирање на сообраќајот во мирување.
Воведувањето ќе се одвива во фази и за секоја преземена активност од страна на претпријатието, граѓаните ќе бидат навремено известени и ќе бидат уредно повикани за поднесување на барање и доставување на комплетната документација согласно категоријата корисник.
ЈП „Градски паркинг“ ги повикува граѓаните, чија адреса на живеење е опфатена со зона Д42, уредно да достават Барање со потребните документи во прилог, секој работен ден од 08:00- 22:00 часот и сабота од 09:00- 17:00, во канцеларија Карпош, на ул. „Дрезденска“ бр. 15/3 (во зградата спроти Катастар на РСМ), најдоцна до 1.12.2023 година.
За повеќе информации, граѓаните може да се обратат на контакт телефоните: 02/ 305 13 24 и моб. 070/309 144 и на веб страната на ЈП „Градски паркинг“: https://www.gradskiparking.com.mk/pocetna.nspx
Дополнително на наведената локација, со цел поефикасно делување и прибирање на потребната документација, граѓаните на општината, чии адреси на живеење се вклучени во зона Д42, ќе може да се обратат и во месната заедница на општина Карпош во Карпош 2, лоцирана на ул. „Бранислав Нушиќ“, бр. 4, каде претставници од ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат достапни за сите информации за корисниците и за прибирање барања и документација за стекнување со право за паркирање на зона Д42.
Претставниците од претпријатието ќе бидат достапни во месната заедница од четврток, 9.11.2023 па се до 30.11.2023.

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...