spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Повторно Јавна презентација и анкета по ДУП З 06 БЛОК 06

Карпош: Повторно Јавна презентација и анкета по ДУП З 06 БЛОК 06

Општина Карпош ги информира граѓаните дека презема активности за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог – Детален урбанистички план З 06, Блок 06.

Притоа, во просториите на Општината (ул. Радика бр. 9), повторната Јавната анкета ќе биде отворена за жителите на Карпош во периодот од 08.11.2023 до 14.11.2023 година, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот.

Повторната Јавна презентација по Предлог ДУП за Градска четврт З 06, Блок 06, ќе се одржи во четврток (09.11.2023) со почеток во 13:00 часот, во просториите на Општина Карпош.

Инаку, планскиот   опфат   кој   е   предмет   на   уредување   со   овој   Детален   урбанистички   план зафаќа површина од 2.48 хектари, со местоположба којашто е дефинирана во рамките на следните граници:

– на север со улицата „Прашка“;

– на исток границата се движи со улицата „6“;

– на југ со транзитна магистрала по булеварот „Македонија“;

– на запад границата се движи по улица „7“.

Анкетните листови за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат изложени во просториите на Општина Карпош. Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.

Деталите за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за Градска четврт З 06, Блок 06, Општина Карпош, ќе бидат објавени на општинската веб страница www.karpos.gov.mk во делот на огласната табла.

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...