spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Jа заврши реконструкцијата на улица 50 во Шуто Оризари

Град Скопје: Jа заврши реконструкцијата на улица 50 во Шуто Оризари

Град Скопје ги заврши градежните работи на улица 50 во Шуто Оризари, реконструкција која е од витално значење за жителите на оваа општина и со која се решаваат долгогодишни проблеми во овој дел од градот.

Со реконструкцијата на оваа улица, како и со претходно завршените реконструкции на улиците 18, 38 и 40 се зголемува квалитетот на патната инфраструктура и значително се подобруваат условите за жителите во Шуто Оризари.

Реконструкцијата во должина од 600 метри и површина од 3200 метри квадратни ја изведоа екипите на јавното претпријатие Улици и патишта Скопје, а главната цел на сите тековни градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, за сите нашите сограѓани кои заслужуваат подобри услови за живот. Град Скопје продолжува и со реализација на инфраструктурни проекти за соодветна водоводна и канализациона мрежа, со цел реализација на проектите од програмата кои се барање од жителите на општината.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...