spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБрвеница: Јавна објава

Брвеница: Јавна објава

 

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04… Сл. весник на РСМ 151/21), кој започна да се применува од 01.01.2022 година Општина Брвеница, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното:
Сите правни и физички лица имаат обврска да ги ажурираат податоците во базата на даночни обврзници, и тоа: За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете  тука) За сите имоти кои имаат промена во вредност или сопственост да достават документ за новата состојба, Поради ажурирање на базата на податоци даночните обврзници кои промениле живеалиште, да достават фотокопија од лична карта (со постојано место на живеење во општина Брвеница); адресни податоци за достава на решенијата по пошта (место на живеење надвор од општина Брвеница) и валидни е-маил адреси за достава на решенијата по електронски пат;

НАПОМЕНА:Се повикуваат сите даночни обврзници да ги подмират сите обврски што ги имаат према општината, во спротивно ќе бидеме принудени да извршиме присилна наплата.

Документите можат да се достават лично на просториите на Општина Брвеница, преку пошта или на
e-mail: danoci@brvenica.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за
контакт).
Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Брвеница:  https://brvenica.gov.mk/

Изготвил: Реџије Бајрами-Раководител на одделение за администрирање со локални
даноци и такси

Документ

Општина Брвеница
Градоначалник
Јовица Илиевски

 

Извор: Општина Брвеница

Прочитајте

Карпош: Награден Литературен конкурс “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА ОПШТИНА”

0
По повод 48 години постоење на Општина Карпош, а во организација на Одделението за образование, се распишува Литературен конкурс на тема: “ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА...