spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Буџетски Форум 2024

Пехчево: Буџетски Форум 2024

БУЏЕТСКИ ФОРУМ ПЕХЧЕВО 2024
Во организација на локалната самоуправа во општина Пехчево се одржа првата форумска сесија од буџетскиот форум за буџетот на општина Пехчево за 2024г.
Целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2024 година, во рамките на стратешкиот развоен план и приоритетите за развој на општината за наредната година.
На форумската сесија присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пехчево, кој истакна дека учеството на граѓаните во донесување на одлуките на локално ниво е од особено значење за транспарентното и отчетно работење на општинската администрација и за подобрување на услугите и потребите на граѓаните.
Според правилата на форумскиот процес, учесниците беа поделенина 7 работни маси преку кои ќе ги презентираат своите предлози за приоритетни програми и проекти.
На првата форумска сесија граѓаните дадоа предлози за приоритети за развој на општината за 2024 година, кои би можеле да влезат во општинскиот буџет, во зависност од надлежностите на општината, расположивите средства и оправданоста на предлозите.
Следната форумска сесија, на која ќе се дискутира и глса за приоритетни проекти од изложените на форумот, е закажана за 07.12.2023година во ресторан Тропик Пехчево.
Буџетскиот Форум 2024 е финансиран од страна на Општина Пехчево, а во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

Прочитајте