spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Средба со штитениците од домот за стари лица Мајка Тереза

Карпош: Средба со штитениците од домот за стари лица Мајка Тереза

По повод одбележување на Неделата на грижа за старите лица, претставници од Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош во придружба со градоначалникот Стевчо Јакимовски, ги посетија повозрасните жители кои престојуваат во Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, односно одделот „Мајка Тереза“ во населбата Злокуќани. Во оваа пригода, првиот човек на Општината поразговара со штитениците од оваа установа, при што стана збор и за унапредување на условите за нивен престој во рамки на објектот.

  • Мило ми е што ве гледам сите расположени и сакам да ви кажам дека посебно ми е драго дружењето со пензионерите. Искрено ви посакувам добро здравје, да бидете среќни и да имате многу вакви весели мигови. Се надевам дека сите овие денови кои ги поминувате тука се демонстрирани со слога и заедништвото, кои патем никогаш не им недостасувале на Градот Скопје и на Општина Карпош – истакна Јакимовски.

Со оглед на тоа што оваа установа се наоѓа на територија на Карпош, локалната самоуправа континуирано се грижи за старите лица и им посветува особено внимание. И оваа година традиционално, Општина Карпош им подели на своите штитеници 63 пакети кои содржат прехранбени и кондиторски производи, а нивните срца ги стоплија дечињата од градинката „Орце Николов“, кои настапија со неколку музички точки и со театарска изведба на тема испраќање на есента.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте