spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отворен ден со граѓаните, презентирани нови предлози и идеи за Буџетот...

Илинден: Отворен ден со граѓаните, презентирани нови предлози и идеи за Буџетот за 2024 година

Општина Илинден е транспарентна во комуникацијата со граѓаните. За таа цел во просториите на Општина Илинден се одржа Отворен ден каде граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози за формирање на Буџетот за 2024 година со цел подобрување на квалитетот на условите за живот и решавање на проблемите.

Градоначалникот Александар Георгиевски заедно со претставници од службите на Општината оствари директна средба со граѓаните на која се разговараше за предлозите за модерна и урбана Општина Илинден, каде беа презентирани своите идеи преку кои граѓаните учествуваат во распределбата на средствата за следната година. Се разговараше на темите за комуналната и патната инфраструктура, за уредување на простор со спортски терени, паркови, детски игралишта, озеленување и уште на многу други предлози и идеи на граѓаните.

Сите предлози и барања од граѓаните ќе бидат детално анализирани од стручните служби во Општината и согласно остварливите финансиски можности и издржливоста на проектите, истите ќе бидат имплементирани во програмата за работа и Буџет за 2024 година.

Прочитајте