spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингСолидарност на дело и крводарителска акција на Иуте, во партнерство со Сојузот...

Солидарност на дело и крводарителска акција на Иуте, во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија

Веќе 4 години по ред тимот на Иуте Македонија самоиницијативно организира крводарителски акции, како дел од стратегијата за поддржување на добри каузи и општествено-одговорни активности.

Оваа година се одлучивме да се приклучиме на тимот на прв Скопски извиднички одред и Сојузот на извидници на Македонија, водени од визијата дека делиме иста заложба и сметаме дека сме погласни кога сме сплотени и помногубројни.

Она што сакавме да го постигнеме меѓу останатото е да ги поддржиме овие млади луѓе и нивните активности на правење на добри дела, а токму денешната активност и акција беше дел од нивните проекти за добри дела, во знак на одбележување на светскиот ден на извидниците

Нашата главна заложба и желба беше да истапиме заеднички и погласно и да дадеме пример и да подигнеме свесност за непходноста од што помасовно приклучување кон вакви акции.

Кога стануа збор за вакви и слични активности, Иуте секогаш со огромно задоволство зема учество, а она што особено не радува е се поголемата бројка на учесници и вработени, која од година до година расте.

Горди сме на тимот, во којшто имаме колеги кои оваа  година одбележуваат и јубилеј од 10 дарувања.

Голема благодарност до Црвен Крст Скопје, како и Сојузот на извидничи и Првиот Скопски извиднички одред.

Им посакуваме уште многу успешни проекти и добри дела како денешниов ден, продолжете да служите како пример.

Делиме иста кауза и секогаш е поубаво кога тоа го правиме заедно.

Да продолжиме да покажуваме солидарност на дело.

Извор: Иуте Македонија

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...