spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Процесот на дигитализација и сајбер безбедноста

МИОА: Процесот на дигитализација и сајбер безбедноста

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денеска одржа работна средба со Н.Е., амбасадорот на Италија во Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Министерот Шаќири ја искористи можноста да го информира амбасадорот за достигнувањата и процесите што веќе се започнати во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста.

За време на состанокот, Шаќири посвети посебно внимание на сајбер безбедноста. “Разговаравме за растечкиот тренд на сајбер нападите и мерките што треба да се преземат. Разгледавме неколку можности за соработка во конкретни проекти во областа на сајбер безбедноста за да помогнеме во подобрување на условите, подобра заштита, проценка на ризик и мерки за спречување сајбер ризиците”, рече тој.

На крајот од средбата, министерот Јетон Шаќири му се заблагодари на амбасадорот за неговата подготвеност и подготвеноста на италијанската држава за да ја понуди својата помош и да се вклучи во овие иницијативи.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...