spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов ја презеде функцијата

Неготино: Новоизбраниот градоначалник Горан Стојанов ја презеде функцијата

По доделувањето на Уверението од страна на Општинската изборна комисија,  новоизбраниот градоначалник на општина Неготино Горан Стојанов по чинот на примопредавање и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Неготино.

Во своето обраќање Стојанов ја искажа својата подготвеност за целосно вложување во реализацијата на проектите од неговата Програма со која ја доби довербата на гласачите во првиот круг од изборите и истакна дека веќе од утре ќе започне со спроведување на проектите и активностите од програмата. Основна цел на моето и работењето на локалната самоуправа, рече Стојанов, ќе биде Неготино и населените места да ги направиме поубави и попристојни места за живеење за сите граѓани.

 

 

 

Извор: Општина Неготино 

Прочитајте