spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Свечено се одбележа јубилејот на општината

Гази Баба: Свечено се одбележа јубилејот на општината

По повод јубилејот, 45 години од формирањето на општина Гази Баба, се одржа свечена Академија на која говореше градоначалникот Бобан Стефковски.

Тој во своето обраќање пред гостите, го потенцираше новиот почеток во реализирањето на голем број на проекти во сите сегменти од живеењето на жителите во општина Гази Баба.

Градоначалникот изрази желба за соработка и реализирање на проектите со членовите на идниот Совет, без разлика од која партија доаѓаат.

– Новиот почеток, значи обединување на сите за развој и напредок на нашата Гази Баба, истакна на крајот од своето обраќање градоначалникот Стефковски.

Во уметничкиот дел учествуваше составот Трио Џентлмен, кои со своите изведби го заокружија свечениот момент на настанот.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте