spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Рускиот амбасадор во работна посета

Битола: Рускиот амбасадор во работна посета

Амбасадорот на Руската федерација н.е. Сергеј Баздникин, заедно со неговиот советник за економски прашања,  ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот на општината, Тони Коњановски.

На средбата, градоначалникот Коњановски ја образложи својата визија за следниот четиригодишен период, ставајќи главен акцент на приоритетните проекти на оваа локална самоуправа, почнувајќи од создавање подобри услови за стопанствениците, привлекување инвестиции и подобрување на економската состојба на граѓаните, како и проектите за изградба на нова противпожарна единица и спортски комплекс, но и планираните вложувања во инфруструктурата и здравата животна средина.

Амбасадорот Баздникин информираше за поддршката и отвореноста за соработка на Руската федерација на државно ниво, во делот на здравствената заштита и имунизација на населението, како и за големиот напредок во врска со трговската размена помеѓу двете земји.

Како можност за идна соработка и на локално ниво, беше наведен земјоделскиот сектор, дигитализацијата на услугите, економската сфера, како и унапредување на веќе воспоставената комуникација во образованието и културата.

На работниот состанок, беше констатирано дека, со оглед на културно – историските и природни богатства кои ги поседува Битола, особено значајно е унапредувањето на туризмот, а преку добра туристичка понуда и поголемо задржување на туристите во градот.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...