За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија.
Дополнително, за секоја од работните позиции наведена е нето платата.
Вкупно постојат 4 категории и 17 работни позиции:
А1 – Државен секретар Нето плата: 56.100 денари
А2 – Генерален секретар Нето плата: 48,744 денари
А3 – Секретар на Град Скопје Нето плата: 46,363 денари
А4 – Секретар на општина во град Нето плата: 42,923 денари
А5 – Секретар на општина во село Нето плата: 38,160 денари
Б1 – Државен советник Нето плата: 38, 689 денари
Б2 – Раководител на сектор Нето плата: 37,631 денари
Б3 – Помошник раководител на сектор Нето плата: 32,868 денари
Б4 – Раководител на одделение Нето плата: 29,693 денари
В1 – Советник Нето плата: 26,253 денари
В2 – Виш соработник Нето плата: 24,402 денари
В3 – Соработник Нето плата: 23,608 денари
В4 – Помлад соработник Нето плата: 22,020 денари
Г1 – Самостоен Референт Нето плата: 16,464 денари
Г2 – Виш референт Нето плата: 15,670 денари
Г3 – Референт Нето плата: 14,877 денари
Г4 – Помлад Референт Нето плата: 13,818 денари
Извор: Javnaadministracija.mk