spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Министерот Бочварски на средба со Н.Е. Јан Коп: Поддршката од Кралството...

МТВ: Министерот Бочварски на средба со Н.Е. Јан Коп: Поддршката од Кралството Холандија е многу значајна

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, придружуван од заменик министерот Реџепи оствари работна средба со холандскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Дирк Јан Коп.

Силната поддршка што ја добива Република Северна Македонија од Кралството Холандија на својот европски пат е од големо значење.

Тие на средбата разговараа за реализацијата на капиталните проекти во земјата, а кои придонесуваат за ефикасно регионално поврзување.

„Односите помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Холандија се на високо ниво и нашата меѓусебна соработка продолжува интензивно и во периодот кој претстои. Работиме активно и напорно со цел модернизација на нашата инфраструктура и интеграција во европскиот транспортен систем. Регионалното поврзување и европската интеграција се наш врвен приоритет и правиме крупни чекори во таа насока.“ – изјави министерот Бочварски.

Тој истакна дека заеднички со поддршка од европските партнери ќе ги надминеме предизвиците пред кои сме исправени.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...