spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Македонската селекција М-18, победник на Меморијалниот меѓународен турнир во кошарка „Боби...

Гевгелија: Македонската селекција М-18, победник на Меморијалниот меѓународен турнир во кошарка „Боби Петковски“

Македонската младинска селекција, М-18, е победник на првиот Меморијален меѓународен турнир во кошарка што Општина Гевгелија, Кошаркарската федерација на Македонија и КК „Кожув“ го организираа во чест на Боби Петковски. На Меморијалниот турнир во Гевгелија, учествуваа машки репрезентации на Македонија, Бугарија, Грција и Црна Гора.

Во борбата за прво место, македонските младинци во вториот меч од првото коло ја совладаа селекцијата на Грција со резултат 64:61. На натпреварот од второто коло, бугарските младинци изгубија од нашата селекција со разлика од 73:76, за на последниот натпревар со Црна Гора да издвојат уште една победа со резултат 65:57, освојувајќи го првото место на Меморијалниот меѓународен турнир „Боби Петковски“.

МВП- наградата (најкорисен играч) му припадна на Теодор Симиќ, член и капитен на нашата јуниорска селекција, кој на трите одиграни натпревари постигна вкупно 49 поена.
По Меморијалниот меѓународен натпревар во кошарка, посветен на прерано починатиот Боби Петковски, тренер на младинските категории на гевгелискиот КК „Кожув“, македонската јуниорска репрезентација ќе учествува на Европското првенство во Измир, кое почнува на 30 јули.

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....