Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте Oпштини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира второ aвионско прскање против возрасни комарци.
На подрачјето на општина Гевгелија, второто авионско прскање е закажано на 25 јули, 2022 година, во раните утрински часови. Истиот ден, е закажана и втората авионска дезинсекција на подрачјето на општина Струмица.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во временскиот период од 04:00 до 10:00 часот.
Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши во наредните денови кога временските услови ќе бидат подобри.
Извор: Општина Гевгелија