spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: Пред пратениците е уште една можност да покажат кој е за...

Маричиќ: Пред пратениците е уште една можност да покажат кој е за ЕУ, а кој за блокади

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во изјава за „Трилинг“ рече дека сите политички партии и пратениците ќе имаат можност во периодот кој следи, да се изјаснат на која страна од процесот на евроинтеграција ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нови застои и блокади.

– Пред нас е уште една задача, а тоа е продолжување на патот на преговорите со ЕУ, бидејќи веќе ги започнавме. Мислам дека треба секоја политичка партија и секој пратеник да има доволно чувство на одговорност во наредниот период. Ќе има време да се одлучи дали е за патот на ЕУ или е против, изјави Маричиќ додавајќи дека содржински уставните измени којшто сега треба да се прават, додавање на уште неколку заедници или групи во нашиот Устав, се далеку понепроблематични, во споредба со Договорот од Преспа.

Вицепремиерот Маричиќ е убеден дека пратениците мудро ќе одлучат во наредниот период и верува дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме околу ова прашање, бидејќи како што вели: „За нас патот кон ЕУ е отворен, само треба да ги спроведуваме нашите обврски“.

На прашањето дали може да очекуваме блокади од некоја друга држава членка Маричиќ рече дека секоја држава членка на Европската Унија има право во текот на разговорите да отвора свои дилеми и прашања.

– Дали тоа од страна на Бугарија или која било држава би било легално и легитимно не, секако дека не, бидејќи преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, отворачките изјави од двете страни, се доволно јасни и прецизни што треба да се прави, во кој период, во кој рокови и на кој начин. Сето друго би било злоупотреба. Ние не можеме никако од напред да имаме гаранција дека во иднина некоја држава нема да не блокира, но дека сега е отворен патот, во минатото била Грција, до денес беше Бугарија, но факт е дека нема да е лесно блокирањето ниту пак лесно може некој да се реши на блокада по овој чекор, изјави Маричиќ.

Околу формирањето на работните групи кои ќе бидат вклучени во процесот на европската интеграција и преговорите со ЕУ, вицепремиерот Маричиќ рече дека потребна е широка општествена мобилизација на сите најдобри структури што ги имаме и дека иако веќе имаме капацитети во институциите и тимови кои работат на овие теми, во следниот период ќе се работи на нивно зајакнување.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

АМС: Поддршка на младинското учество во развивање на ефективни младински политики...

0
Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на...