spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваТренчевска: Младите ја движат државата напред, вложувањето во нив останува во нашиот...

Тренчевска: Младите ја движат државата напред, вложувањето во нив останува во нашиот фокус

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на Младинската конференција „Младите во Отворен Балкан – шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот“, организирана од страна на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. На конференцијата беа присутни и Министерот за Млади и спорт на Република Србија, Вања Удовичиќ, Министерот за Млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевиќ, заменици министрите за образование и наука и култура како и Директорот на Агенција за Млади и Спорт, Наумче Мојсовски и Националната координаторка на Отворен Балкан, Нола Исмајлоска.

Конференцијата со своето обраќање ја отвори Директорот на Агенција за Млади и Спорт, Наумче Мојсоски, кој ја истакна важноста  на меѓусебната соработка на институциите и агенции со цел напредокот на младите луѓе во државата. Тој ја најави и Стратегијата за млади која треба да ги следи реалните потреби на младите луѓе и да одговори на нивните барања.

Министерката Тренчевска во своето обраќање ги истакна заложбите на министерството кои што ги вклучува младинските политики кои овозможуваат полесно вклучување на младите на пазарот на трудот.

„Како Влада и како Министерство за труд и социјална политика сме насочени кон системски пристап во решавање на предизвиците со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија во делот на вработувањето и во делот на стекнувањето на вештини коишто ќе ги направат поконкурентни на пазарот на труд како и полесно вработливи“ рече Тренчевска.

Таа се осврна на политиките кои што ги креира Министерството за труд и социјална политика како што се: Националната стратегија за вработување 2021-2027 година, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, воведувањето на Гаранцијата за Млади, Законот за практикантство, Законот за младински додаток, Законот за младинско учество и младински политики кои даваат поддршка за вработување на младите.

„Гаранцијата за млади како дел од Европските носечки иницијативи има за цел да обезбеди на младите од 15 до 29 години во период од 4 месеци од денот на евиденција во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практикантство. Република Северна Македонија е прва од земјите од Западен Балкан која ја воведе и примени Гаранцијата за млади, а не е членка на Европската унија“ изјави Тренчевска.

Министерката истакна во 2021 година од вкупниот број на лица кои влегле во процесот на Гаранција за млади, 41% се вработиле или се стекнале со вештини со кои ја подобриле нивната вработливост и станале конкурентни на пазарот на трудот. Таа рече дека во 2022 имплементацијата на оваа мерка продолжува и дека од досегашниот вклучен број на лица заклучно со првата половина на јули веќе 42% се вработиле или се вклучени во мерките за вработување што како што посочи министерката го надминува минатогодишниот процент на остварување на мерката.

На крајот од своето обраќање министерката посочи дека младите се оние кои што ја движат државата напред и токму вложувањето во нив останува во фокус. Ја истакна потребата од континуирано креирање на политики со цел задржување на младите во државата.

 

 

Извор: Влада

 

 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....