spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКабинетот на Грковска дел од процесот на обучување на обучувачи кои понатаму...

Кабинетот на Грковска дел од процесот на обучување на обучувачи кои понатаму самостојно ќе ги држат обуките за Етичкиот кодекс и за интегритет, целта е преку промена на свеста да изградиме ефикасно општество

Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во соработка со УСАИД спроведе процес на обучување на обучувачи кои понатаму самостојно ќе бидат во можност да ги држат обуките за Етичкиот кодекс и за интегритет, што е во насока на политиката на Кабинетот да креира одржливи системски решенија.

Денеска на обуката учествуваа претставници на Кабинетот задолжен за политики за добро владеење, а обуките ги одржаа Џејмс Молитерно, светски експерт за етика и интегритет и професорката Мирјана Борота Поповска од Институтот за политички правни и социолошки истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Обуките се резултат на заедничката соработка на Владата на Република Северна Македонија и проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Со иницирање на обуките од страна на Владата се манифестира обврска кон јакнење на интегритетот и почитување на етичките вредности. Се демонстрира посветеноста на членовите на Владата и носителите на извршните функции кон начелото на Кодексот, желбата да се постигне високо ниво на свест за вредностите, принципите и стандардите кои го раководат етичкото однесување.

Целта на обуките е овој процес да биде одржлив, а преку обуките да се постигне промена на свеста на носителите на функции, но и на вработените во администрацијата што е клучен предуслов во процесот на градење на систем на добро управување.

Кабинетот изминатиов период, во соработка со УСАИД и со професорката Борота Поповска спроведе и четири обуки за Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, со што опфати над 140 носители на јавни функции именувани во периодот од јануари до април 2022 година.

Истовремено, Кабинетот задолжен за политики за добро владеење во соработка со УСАИД спроведе тестови за интегритет за носителите на јавни функции.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....