Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со поставување на улично осветлување на улицата „Васил Главинов“.
На трасата во должина од 740 метри ќе бидат поставени вкупно 29 нови ЛЕД светилки за урбано и амбиентално осветлување.
Оваа инвестиција чини 4,5 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Струмица.
Извор: Општина Струмица