spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Градот Прилеп домаќин на Европско првенство во воздухопловно спортско моделарство 2022

Прилеп: Градот Прилеп домаќин на Европско првенство во воздухопловно спортско моделарство 2022

Во Прилеп од 16-ти до 20-ти август ќе биде собрана европската елита на воздухопловно спортско моделарство, кои ќе се натпреваруваат во 3 категории Ф-1-А, Ф-1-Б и Ф-1-Ц. На ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО 2022 FAI во спортско воздухопловно моделарство, модел на авиони, класи F1A, F1B, F1C, ќе земат учество над 200 натпреварувачи од 26 земји.

Натпреварувањата се одржуваат во близина на с. Веселчани, каде има идеални услови за овој вид спортски натпреварувања.

„Ова е голем воздухопловен спортски настан, а Прилеп е горд што е домаќин на еден ваков голем и значаен спортски настан. Особно ни’ е чест што можеме да го понудиме нашето гостопримство на европската спортска воздухопловно – моделарска елита“ – истакна градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, прогласуваќи го Европскиот шампионат на воздухопловното спортско моделарство 2022 за отворен.

На ова европско првенство организаторите и учесниците очекуваат да бидат презентирани новите технологии, електрониката, високите психо-физички карактеристики на спортистите кои што се дел од Евроспкиот шампионат и се очекува да бидат постигнати поголеми, врвни резултати од учесниците.

Организатор на „Европското Првенство 2022 FAI“ е Воздухопловната федерација на Македонија и ВК “Фил Феникс” од Прилеп, кои веќе 20 години наназад реализираат успешни спортски натпреварувања од европски и светски ранг, во различни категории, токму во Прилеп, со што го ставаат Прилеп на мапата на престижните спортско – воздухопловни дестинации во светот.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...