spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Нуредини на работна средба со градоначалникот на општина Сарај, Беџети

МЖСПП: Нуредини на работна средба со градоначалникот на општина Сарај, Беџети

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, завчера во просториите на Министерството се сретна со градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети. На работниот состанок се разговараше за поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање на општината Сарај, во реализацијата на повеќе проекти од областа на животната средина.

 

Имено, беше дискутирано за изнаоѓање на сеопфатно и одржливо решение во однос на управувањето со заштитеното подрачје на кањонот Матка, како и за докомплетирање на документацијата за реализација на предвидените активности за прочистување на коритата на реките Вардар и Треска.

Воедно, беа договорени и понатамошните активности за докомплетирање на потребната документација за поврзување на пречистителната станица во општината Сарај со водоводната мрежа.

Sredba_nuredini_bexheti_MZSPP_Saraj

На состанокот стана збор и за понатамошната поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање на општина Сарај за реализација на проекти насочени кон подобрување на инфраструктурните услови во интерес на жителите, на општина Сарај и за заштита на животната средина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Реконструкција на оштетените клупи на плоштадот Дафина

0
Општина Карпош повторно испрати екипи на теренот за да ја санираат оштетената урбана опрема на плоштадот Делфина во населбата Влае, која тенденциозно се уништува...