spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Известување – терестично прскање против комарци

Илинден: Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 13.09.2022 год. (вторник ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши петото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Акцијата ќе се реализира согласно Програмата за поголема безбедност и заштита на граѓаните од појавата на комарци. Теристичкото прскање против комарци ќе се спроведува со УЛВ ладно замаглување од специјално возило.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ако временските услови не го дозволат теристичкото прскање, тоа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...