spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаЛевица ќе поднесе нова референдумска иницијатива – во спротивно целосна парализа на...

Левица ќе поднесе нова референдумска иницијатива – во спротивно целосна парализа на Собранието

(*Прес-конференција на пратеникот на Левица, Борислав Крмов по повод новата референдумска иницијатива)

„Левица деновиве ќе поднесе нова референдумска иницијатива, при што дефинитивно прашањето ќе биде со одговорот ПРОТИВ! Сметаме дека претходното прашање беше грешка, затоа што кампања Против ќе биде во духот на протестите против францускиот предлог, каде огромното мнозинство македонски народ кажа НЕ.

Нема никаква правна логика за одбивање и на претходната, и на оваа референдуска иницијатива од страна на спикерот Џафери, затоа што тој не смее како спикер да влегува во материјално толкување.

Одбивањето на иницијативата од страна на Џафери не е никакво правно толкување, туку тоа е чиста политичка узурпација и Џафери, наместо да се однесува како Претседател на Собранието на сите граѓани – тој се однесува како узурпатор и окупатор.

Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија.

Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието! Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине.

Власта мора да знае дека ако не му дозволи на народот политички да изрази незадоволство, тогаш во комбинација со енормно високите цени, тоа може да доведе до општествена експлозија, а зимата доаѓа.”

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...