spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedШтајнмајер пристигна во Скопје, го пречека вицепремиерот Маричиќ

Штајнмајер пристигна во Скопје, го пречека вицепремиерот Маричиќ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.

„Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер!

Првата официјална посета на претседателот Штајнмајер, после само четири месеци од почетокот на пристапните преговори е јасен сигнал за позициите на Германија за интеграцијата на регионот во ЕУ и за континуираната поддршка која Северна Македонија ја има за пристапување во Унијата.

Ќе имаме доволно време да отвориме важни теми за регионот, за унапредување на меѓусебната соработка и за предизвиците со кои се соочува цела Европа“, напиша вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на својот Фејсбук профил.

Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има и свое обраќање и во Парламентот.

Штајнмаер после дводневна официјална посета на Република Северна Македонија продолжува во посета на соседна Албанија.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...