Со областа Функционирање на демократски институции, го завршуваме билатералниот скрининг за кластерот Фундаментални вредности.
Оваа област е исто така за прв пат претставена со новата ревидирана методологија за преговори.
Како клучен дел од копенхашките критериуми, оваа област е многу важна за динамиката на првиот кластер, но и за преговорите во целина.
Функционирањето на демократските институции е клучно за секое демократско општество бидејќи претставува суштинска вредност врз која се заснова и функционира ЕУ, како што е предвидено и со Договорот од Лисабон.
Веќе подолго време нашата земја е посветена на реформите на полето на функционирање на демократски институции, владеење на правото и заштита на човековите права и слободи.
Презентациите на нашата делегација за оваа област се за:
- Општата демократска рамка на државата
- Изборниот процес, улогата на медиумите во изборите и финансирањето на политичките партии и изборните кампањи
- Улогата и функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија
- Улогата на граѓанското општество во градењето на демократско општество
Посветени сме за зајакнување на демократското функционирање на земјата преку градење силни институции, како и преку промовирање на принципот на одговорност, транспарентност и инклузивност.
На завчерашниот билатрален скрининг не посети и Претседателот Пендаровски кој ја поздрави и охрабри нашата делегација.