HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Учество на Меѓународната антикорупциска конференција во Вашингтон

ДКСК: Учество на Меѓународната антикорупциска конференција во Вашингтон

Членот на Државната комисија за спречување на корупцијата Катица Николовска учествува на Меѓународната антикорупциска конференција на тема „Искоренување на корупцијата, одбрана на демократските вредности“, која од 6 до 10 декември 2022 година се одржува во Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

Државната комисија за спречување на корупцијата, со свој претставник, на оваа конференција учествува на покана на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

На конференцијата ќе земат учество над 2000 антикорупциски практичари и експерти, носители на политики, бизнисмени, истражувачки новинари и  претставници на невладиниот сектор од целиот свет.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте