Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити заедно со заменик премиерот Битиќи, одржа координативен состанок со експерти од проектот Зајакнување е-Влада, на кој беа разгледани степенот на реализација и очекувањата од проектот.
На средбата беа дефинирани идните цели, а воедно беше договорена уште посилна и поактивна посветеност на овој проект со цел натамошно унапредување на електронското управување и услуги, со што ќе се создаде продуктивен систем, кој ќе биде исклучително корисен како за институциите така и за граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација