spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алити - Ги охрабрувам младите како идни лидери да внесат промени...

МИОА: Алити – Ги охрабрувам младите како идни лидери да внесат промени и напредок во општеството

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити беше панелист на Академијата за млади лидери, организирана од Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), во рамките на проектот WomenLead.

Во конструктивна и енергична атмосфера министерот Алити заедно со Сања Лукаревска, Стефан Андоновски и Арбана Пашоли разговараа за предизвиците и искуствата на политичкиот пат. Министерот упати порака и ги охрабри младите никогаш да не се откажат, да продолжат со обидите да преземат било каков предизвик во политиката, а воедно им порача да бидат решени и истрајни, а како резултат на тоа да се внесат промени и напредок во општеството.

 

Министерот нагласи дека Академијата и програмите слични на истата, се суштински фактори за зајакнување и унапредување на нивното знаење, како идни лидери да можат да издејствуваат големи промени и да промовираат демократски вредности.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...