На 15.12.2022 година се одржа состанок на работната група за сајбер безбедност во критичната инфраструктура CICWG, проект поддржан од УСАИД, со цел координација на клучните чинители за дефинирање на критичната инфраструктура, проценка на ризици, планирање на ублажување како и развој и имплементација на механизмите за споделување информации.
На состанокот учествуваа и експертите за сајбер безбедност Gareth-Oliver Abell и Peter Smith, а свој придонес дадоа и Горан Јанкоски од Народна Банка на Република Северна Македонија и Љубиша Ристовски од Министерството за транспорт и врски, каде пред сите членови беа презентирани механизмите за заштита на системите во секторите.
МИОА како координатор на проектот континуирано работи заедно со другите институции со цел зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација