На 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017 год., тимот од Македонија освои 4 бронзени медали, и тоа:
• Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола,
• Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
• Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип,
• Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците
• Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и
• Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
Агенцијата за млади и спорт во континуитет ги поддржува активностите и настапите на нашите млади таленти, а во оваа прилика додели плакети за сите добитници на медали.
Извор: Агенција за млади и спорт