Започна реконструкцијата на улицата „Лазар Колишевски“ во Валандово, како примарно поврзување на регионалниот пат „Р – 1105“ со Здравствениот дом и улица со примарна важност за заедницата.
Наредните денови, продолжуваме со санирање на оштетени делови на патната инфраструктура во градот Валандово, Јосифово и локалниот пат до Казандол.
Градежните активности, се одвиваат согласно годишната програма за изградба и реконструкција на локални улици и патишта во општина Валандово за 2022 година.
Извор: Општина Валандово