spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Меѓународна награда GLOBAL LOCAL за општината

Валандово: Меѓународна награда GLOBAL LOCAL за општината

На 21.10.2022 година, во рамки на Регионалниот самит на претприемачи за Централна и Југоисточна Европа, беше доделена интернационалната награда GLOBAL LOCAL на Општина Валандово, за добро управување и креирање на поволни услови за развој на заедницата.

GLOBAL LOCAL е меѓународна награда која се доделува на најдобрите локални самоуправи од Централна и Југоисточна Европа, кои го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на локалната заедница и нејзините граѓани.

Покрај Општина Валандово, во рамки на самитот добитници на награди се и општините Бања Лука, Слатина, Лабин, Аранѓеловац и Лутомер, како и неколку успешни компании од овој дел од континентот.

Проектот за промоција и наградување на најдобрите заедници, компании и институции за креирање добар амбиент за развој во Средна и Југоисточна Европа „Глобал Локал”, има за цел да ја подигне свеста за локалниот економски развој, развојот на претприемништвото и севкупниот општествен развој во овој дел од Европа.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...